| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите на Јувентус најавуваат чудо и пласман во четвртфиналето

pol pogba

Италијанскиот шампион Јувентус синоќа успеа да извлече реми (2-2) против Баерн Минхен во Торино, иако имаше негатива од два гола, и ги задржа шансите за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Но, италијанскиот клуб ќе треба да победи на „Алијанц арена“ во реваншот, што секако е неверојатно тешка мисија.

Но, фудбалерите на „старата дама“ сметаат дека мисијата не е и неостварлива.

– Во првото полувреме тешко ја изнесувавме топката од нашето поле. Во вториот дел покажавме дека можеме да се носиме со Баерн Минхен и да надоместиме и два гола негатива. Веруваме дека можеме да го елиминираме германскиот првак, а за тоа секако ни е потребно да триумфираме на гостински терен – изјави Пол Погба.

„Баварците“ синоќа поведоа со погодоците на Томас Милер и на Арјен Робен, а Паоло Дибала и Стефано Стураро придонесоа да претстои неизвесен реванш на „Алијанц арена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top