| четврток, 6 декември 2018 |

„Граѓаните“ го освоија Киев, Атлетико не успеа да го скрши отпорот на ПСВ (видео)

mancester siti

Во последните два натпревари од осминафиналето на Лигата на шампиони се сретнаа екипите на Динамо Киев и Манчестер Сити во Украина и ПСВ и Атлетико Мадрид во Холандија.
На првиот натпревар одигран во Киев „граѓаните“ супериорно минаа на „Валериј Лобановски“ и со 3-1 славеа победа над домаќинот.
Надмоќта која ја имаа гостите од Манчестер во текот на целиот натпревар резултираше со три погодоци во мрежата на Шовковски, а серијата на отвори Серхио Агуеро во во 15.минута. На 2-0 зголеми Давид Силва по одличниот продор и додавање на Рахим Стерлинг на пет минути до крајот на првото полувреме, а третиот гол за Сити беше дело на Јаја Туре во последната минута од мечот.
Единствениот гол за Динамо Киев беше постигнат во 59.минута од страна на Бујалскиј кој во тој момент намали на 1-2 и тоа беше мала искра надеж за избраниците на Ребров.
Со овој резултат и трите гола на гостински терен, Манчестер Сити повеќе од сигурно е веќе четвртфиналист во Лигата на шампионите.

Во Холандија, ПСВ Ајндховен издржа да го одржи почетниот резултат 0-0 против Атлетико Мадрид, иако во последните дваесетина минути играше со играч помалку поради исклучувањето на Переиро. Одлични шанси за Атлетико Мадрид пропуштија Гризман, Коке и Фернандо Торес, но ПСВ се уште има шанси за пласман во следниот круг, иако реваншот ќе се игра на „Висенте Калдерон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top