| четврток, 6 декември 2018 |

Направете лек од ракија и кокичиња

Некои студии покажуваат дека кокичињата помагаат во функциите на мозокот. Лековит алкохолни екстракт со кокиче може да се направи со помош на ракија.

Бројот на кокичињата треба да соодветствува со милилитрите на шишето, односно во 500 мл се ставаат 50 кокичиња во шишето.

При настинка

Против настинка кај деца и возрасни истурете 60 бели цветови од кокичето со 600 милилитри чиста ракија во цврсто затворен сад. Оставете ги да престојат на темно и ладно место 40-45 дена, а потоа прецедете. Со готовата тинктура масирајте ги грбот и градите и завиткајте се со ќебе. После оваа процедура настинката ќе исчезне.

За бистар ум и меморија

При проблеми со меморијата и мозочната активност истурете 100 кокичета (само цветчиња) со 1 литар ракија (препорачливо е од грозје) и оставете да отстои 40 дена на сончево место. Исцедете ја и чувајте ја течноста во стаклено шише. Наутро земајте 1 лажичка од лекот, со 1 лажичка природен мед. Лекувањето треба да трае 15 дена.

Намален вид и замор

Намален вид и замор – истурете 40 кокичиња (цветови заедно со лисја) со 300 милилитри силна ракија и оставете ги да отстојат во тек на 20 дена. Потоа исцедете и земајте од тинктура по 40 капки, разредени со вода, 3 пати на ден пред јадење.

Извор: Актуелно24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top