| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли: Сите партии треба да учествуваат во изборниот проце

bejli

Амбасадорот на САД Џес Бејли по вчерашната одлука изборите да се пролонгираат за 5 јуни го поздрави постигнувањето на решението и одговарајќи на новинарското прашање Што ако некоја од политичките партии ги бојкотира изборите на 5 јуни? рече:

Верувам дека сите партии треба да учествуваат во изборниот процес.

Во врска со реформите во медиумите, американскиот амбасадор напомена дека тие не се клучни само за изборите, туку мора да се спроведат во интерес на целото општество.

– Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори. Сите вие потпишавте Етички кодекс и затоа најважно ќе биде како ќе ја завршите вашата работа и да им помогнете на македонските граѓани да бидат информирани, истакна Бејли синоќа, кој беше придружуван од европратениот Ричард Ховит и од в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Лукаш Холуб.

Бејли денеска потсетувајќи на заедничката изјава од синоќа на САД и ЕУ по постигнатиот резултат, како што наведе, по интензивните дискусии во изминатите неколку нагласи дека реформите во медиумите не е нешто што ќе се случи преку ноќ,

– Тоа е на маса пред изборите и после изборите, тоа не е нешто што ќе се случи преку ноќ. Во таа насока многу е важно во врска со изборите како вие како репортери и новинарски организации ќе ги покривате изборите. Вие самите се обврзавте на кодекс за етичко известување за време на изборите и следењето на тој кодекс за етичко известување навистина ќе направи разлика во однос на тоа граѓаните на Македонија да ги слушнат сите мислења и да бидат целосно информирани и да го направат изборот за време на изборите, изјави Бејли, кој денеска заедно со министерот за одбрана Зоран Јолевски ја отворија изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top