Чартер лет со 125 авганистански бегалци, придружувани од претставници на Германија и Авганистан кои треба да се уверат дека репатријацијата е безбедна, денеска слета во авганистанскиот главни град Кабул.
Во летот организиран и координиран од владите во Берлин и Кабул и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) имало бегалци кои што доброволно се враќаат дома.
Според германските власти, како што јави дописникот на МИА од Берлин, голем дел од повратниците биле жртви на шверцерите со луѓе, а во Германија не ги задоволуваат критериумите за добивање на азилантски статус, пред се поради тоа што во Авганистан нема воени конфликти, како што е случај со големи делови од териториите на Сирија и Ирак.
По сириските и ирачките бегалци, Авганистанците се најбројната група на мигранти кои преку Турција и балканската рута пристигнуваат во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.