| четврток, 6 декември 2018 |

На Сорбона ќе се одржи симпозиум посветен на Живко Чинго

На 24 февруари, во една од најстарите образовни институции на Сорбона, Институтот за ориентални јазици и цивилизации, ќе се одржи симпозиум посветен на големото име на македонската кнжевност на интернационален план, Живко Чинго (1935-1987).
Воведно обраќање на симпозиумот ќе има Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, а по повод второто издание на култниот роман „Големата вода“, кој го објави издавачката куќа „Ле нувел Атија“ (Le nouvel Attila), а во превод на Марија Бежановска.
На симпозиумот, исто така, учествуваат поголем број имиња од издавачкиот и книжевен свет на Франција, во организација на професорката Фроса Бушро, шеф на катедрата по македонски студии во Париз.
По симпозиумот, во големиот аудиториум на Иналко ексклузивно ќе биде прикажан играниот филм „Големата вода“, во режија на Иво Трајков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top