| четврток, 6 декември 2018 |

За медиумите немаше место на рочиштето за „Диво Насеље“

За новинарите денеска немаше место за следење на судскиот процес за Диво Насеље во Кривичниот суд.

osnoven-sud-policija

Со образложение дека во судницата нема доволно простор и бројот на лица кои можат да го следат судењето е ограничен поради безбедносни причини, од судот соопштија дека може да влезат само 4-5 претставници на медиумите, по што новинарите колегијално одлучија никој да не влегува на рочиштето.

Претходните две рочишта за судскиот процес против обвинетите за тероризам, вмешани во кумановските настани од 9 и 10 мај, се одржаа во големата сала на Врховниот суд, но од судот соопштија дека салата не може да се користи  бидејќи се реновира.

За денеска беше закажано сослушување сведоци на Обвинителството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top