На работниот состанок помеѓу директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и в.д. директорот на Националната галерија на Косово, г-динот Зени Балажи беше потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две сродни институции од регионот. Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на неколку различни нивоа, како: реципрочна размена на квалитетни уметнички содржини, индивидуални уметнички проекти, концепциски изложби, споделување на вредни гостувачки меѓународни изложби, ќе се врши институционална размена на полето на менаџирањето на институции од културата, ќе се одржуваат разменски семинари, предавања и секако општа размена на искуства во секој домен на работа на институциите, со цел подобро меѓусебно запознавање на актуелните уметнички сцени и отпочнување на регуларна годишна регионална соработка.
На состанокот беа разменети рецентни публикации кои ги издале овие две институции во последниот период, како почетен стадиум на соработката, со што библиотеките на обете институции го збогатија својот библиотечен фонд. Има дури и првични предлози за конкретна соработка, но имињата на изложбите и авторите ќе бидат обзнаени наскоро, по утврдување на календарите и буџетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Тренерите од поранешна Југославија потпишаа меморандум за соработка
-
Македонија и Кина ќе потпишат меморандум за соработка во областа на трудот и на социјалната сигурност
-
НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка