
Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт и оваа сезона игра феномелна кошарка и не престанува да руши рекорди.
Ноќеска беше срушен уште еден рекорд оној на Чикаго Булс од златната генерација од сезоната 1995/96 кога стигна до 50 победи од 56 одиграни натпревари.
Стеф Кари и другарите во победата над Атланта од 102-92 стигнаа до 50 победи но од 55 одиграни натпревари оваа сезона. Интересно е тоа што во третата четвртина Голден Стејт водеше со 70-47 и се чинеше дека работата тука е завршена, но следуваше серија од 28-6 по која Атланта се доближи на само еден поен негатива (75-76). Сепак, гостинските кошаркари собраа сили и мирно го приведоа натпреварот до крај.
Стеф Кари со 36 поени беше најефикасен на теренот, а погоди 14/22 од поле, вклучувајќи пет тројки од 11 обиди. Кај Атланта, Ал Хорфорд заврши со 23 поени на кои додаде 16 скока и шест асистенции.
За издвојување од ноќешната програма е изненадувачкиот пораз на Кливленд на домашен терен од Детроит. Еден од најголемите виновници за тоа е Леброн Џејмс кој одигра очајно и постигна само 12 поени со шут од поле 5/18, вклучувајќи 0/4 за тројка.
НБА резултати:
ЛА Клиперс – Феникс 124-84
Атланта – Г.Стејт 92-102
Милввоки – ЛА Лејкерс 108-101
Минесота – Бостон 124-122
Кливленд – Детроит 88-96
Мајами – Индијана 101-93
Њујорк – Торонто 95-122
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


