Светскиот бестселер „Марсовецот“, на кој е базиран истоимениот филм номиниран за седум награди „Оскар“, деновиве на македонски го објави издавачката куќа „Просветно дело“.
Станува збор за остроумна, духовита и напната приказна за Марк Ватни, астронаут од мисиjата „Арес“, кој во еден сплет на несреќни околности останува на Марс. Посадата од неговиот брод е убедена дека Марк загинал на Црвената Планета. Но, Ватни одлучува да не се предава.
Романот „Марсовецот“ претставува химна на човековата проникливост и е наjавтентичниот и наjвозбудлив научнофантастичен роман во последниве коjзнае колку години. Напнат од почеток до крај, без ниту зрнце неуверливост и со вистинска доза на занесеничко – научен ентузијазам.
Невозможно е да се избега од впечатокот дека она што е опишано во Марсовецот би можело навистина да се случи.
Бестселерот „Марсовецот“ на Енди Вир беше екранизиран во истоимен долгометражен филм во режија на Ридсли Скот, а со Мет Дејмон во главната улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.