| четврток, 6 декември 2018 |

„Росонерите“ им ги расипаа плановите на Наполи, Јуве останува лидер (видео)

napoli-milan-220216

Во Неапол се одигра дербито на 26. коло во Серија А, со кое и се комплетираше колото. „Росонерите“ одолеаа против фаворизираниот домаќин Наполи и му направија услуга на водечкиот Јувентус.

Тимот на Синиша Михајловиќ остана непоразен вечерва на „Сан Паоло“ во Неапол.

Милан се избори за реми, 1-1, а домашната екипа ќе жали за неколкуте пропуштени одлични шанси, а најмногу за онаа да се врати на лидерската позиција во Серија А.

Наполи први поведоа во 39. минута. Инсинје ја прифати топката на дваесетина метри од голот на гостите, си направи позиција за шут, а топката на патот кон мрежата закачи еден од гостинските играчи и заврши во долниот лев агол од голот.

Но, Наполи не успеаа да ја сочуваат минималната предност ни до крајот на првото полувреме. Во 44. минута, Хонда од десната страна упати центаршут во казнениот простор, домашниот бек Кулибали реагираше со глава за момент, но само до ногата на Бонавентура кој одлично се снајде и успеа да ја смести топката во голот на Реина кој беше немоќен во ситуацијата и го изедначи резултатот на 1-1.

Во вторите 45 минути имаше неколку солидни шанси на двете страни, меѓутоа без реализација.

Наполи не успеа да го искористи киксот на Јувентус против Болоња, па останува еден бод зад „старата дама“.

Резултати од 26.коло:

Болоња – Јувентус  0-0
Верона – Киево  3-0
Интер – Сампдорија  3-1
Аталанта – Фиорентина  2-3
Џенова – Удинезе  2-1
Сасуоло – Емполи  3-2
Торино – Карпи  0-0
Фросиноне – Лацио  0-0
Рома – Палермо  5-0
Наполи – Милан  1-1

Табела:

Јувентус  58
Наполи  57
Фиорентина  52
Рома  50
Интер  48
Милан  44
Сасуоло  38
Лацио  37

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top