| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија: Маж со безбол палка дивеел во Парламентот

Еден маж денеска со безбол палка влегол во австрискиот Парламент и со неа почнал да крши се околу себе, јави Танјуг.

Во текот на неговото дивеење биле искршени две безбедносни камери.

Мажот влегол во зградата од Парламентот во делот наменет за посетители, што е отворен за јавноста, каде почнал да ги крши камерите, пренесе полицијата.

Потоа успеал да влезе и во централниот хол од Парламентот каде се оддржуваат различни манифестации, каде ја фрлил бејзбол палката и и се предал на полицијата.

Како мотив за инцидентот тој навел дека протестира против „системот“˝, а полицијата смета дека причината можно е да биде и од психичка природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top