| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Нема валидни аргументи за одложување на изборите, СДСМ сака пролонгирање на кризата

VMRO Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори. Точно е само дека не постои подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што е свесна дека ќе ги загуби бидејќи ја нема поддршката од народот. Точно е и дека заради тој страв СДСМ сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на се за да го направи тоа – стои во денешното соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив претставниците на САД и ЕУ не презентирале ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што, како што велат, е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти.

-Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа Претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден. Ваквите состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните и од политичките чинители во земјава и од меѓународната заедница – стои во партиското соопштение.

Тие додаваат дека СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори.

-СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата –коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top