| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвис неверојатен со 59 поени, Коби се прости од Чикаго, Кливленд ја демолираше Оклахома (видео)

entoni dejvis

Ентони Дејвис беше ѕвезда на вечерта во десетте натпревари во НБА лигата одиграни синоќа.
Тој беше предводник на својот тим Њу Орлеанс во победата над Детроиот од 111-106. Репрезентативецот на САД постигна 59 поени и реализираше 20 скока што е повеќе од половина за својот тим. Тоа не е само негов личен рекорд во кариерата туку туку и најдобар ефект во историјата на Пеликанс . Претходниот клупски рекорд го држеше Џамал Мешбурн кој пред 13 години постигна 50 поени. Да биде уште погорд, Дејвис го собори и рекордот на арената на Детроит, Оборн Хилс Палас кој досега изнесуваше 48 поени, а беше сопственост на Леброн Џејмс.

Натпреварот во Хјустон што требаше да биде дерби меѓу домашната екипа и Кливленд беше решен уште во третата четвртина кога гостите дојдоа до високи 16 поени разлика (80-64). На домашната екипа не и помогнаа ниту првите ѕвезди Дурант и Вестбрук кои со повремени блесоци не успеаја да направат комплетен пресврт. На Вестбрук му недостасуваше само еден скок за нов трип-дабл (20 поени, 11 асистенции и девет скока).
Во екипата на Кливленд блескаше Кевин Лав со 29 поени што е израмнување на неговиот најдобар скор оваа сезона. Леброн Џејмс додаде 25 плус 11 асистенции и седум скока.

Коби Брајант со пораз, но со добра игра се прости од Јунајтед центарот во Чикаго. Првата ѕвезда на Лејкерс постигна 22 поени (8/20 од игра), но не успеа да го спречи поразот од 115-126. Тоа беше и негова последна пресметка со еден од најдобрите пријатели во кошаркарскиот свет Пау Гасол.

НБА резултати:

Детроит – Њу Орлеанс 106-111, Оклахома – Кливленд 92-115, Торонто – Мемфис 98-85, Орландо – Индијана 102-105, Бруклин – Шарлот 96-104, Феникс – Сан Антонио 111-118, Денвер – Бостон 101-121, Портланд – Јута 115-111, Чикаго – ЛА Лејкерс 126-115, Далас – Филаделфија 129-103.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top