Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Ножот на Аврам“ од писателот кого го нарекуваат „исландскиот Ден Браун“ –Отар М. Нордфјорд. Во книгата се предвидуваат нападите во Париз и трета светска војна меѓу христијаните и муслиманите. Преводот на македонски е на Ѓургица Илиева.
Дејството почнува кога Џејмс Донели, ирски писател, добива мистериозна разгледница од својот неодамна починат пријател. На неа е испишан енигматичен текст за кој ќе се утврди дека е пророштво од Нострадамус. Во потрага по вистината, Донели и неговиот асистент се вовлекуваат во хаотична бркотница по улиците на Њујорк, но Њујорк по 11 септември 2001 година. Затоа, и ЦИА е заинтересирана за оваа теорија на заговор. Тие откриваат тајна што е толку моќна што може да го промени начинот на кој луѓето го перципираат својот однос кон верата.
Од критиката овој трилер е оценет како „бескрупулозен, брз и крајно возбудлив“, како и дека зборува за „нешта што ќе го разнишаат светот во кој живееме“.
Отар М. Нордфјорд (1980) е автор со чешко и со исландско потекло, кој живее во Шпанија и во Исланд. Магистер е по етика, но има учено и арапски, историја, книжевност и уметност. Досега објавил осум романи, пет книги со поезија, два политички стрипа и биографија што стана најпродавана книга во Исланд. Објавил и есеј за моралниот систем на викинзите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ