Откако интернетот беше преплавен од фотографија на „Гугл еарт” на која се гледа наводно крвава трага на мостот во Беатрикс паркот во Алмере, поради што многумина се посомневаа дека мостот било место на злостор, конечно се дозна што точно се случило.
Имено, корисниците на разни форуми се посомневале дека на мостот се случило убиство, па полицијата и членовите на форумот се обиделе да откријат што точно се случило на денот на снимањето со хеликоптерот на Гугл.
Мистеријата ја реши таблоиодот „Сан”: не се случило убиство. „Крвавите” траги на мостот ги оставила пет годишната ретриверка Рама, која обожава да се капе во водата.
Сопственичката на кучето, Жакелина (52), раскажала за „Сан” дека нејзината Рама обожува да скока од мостот, а има и своја рута по која оди по мостот.
-Кога ја видов фотографијата, сфатив дека тоа е моето куче. Таа обожува да скока од мостот и да се капе. На снимките таа трча кон нас и се тресе- објаснува Жакелин.
Трагата која на мостот изгледа како крв, всушност е водата која Рама ја оставила зад себе. Дека навистина се работи за вода, потврди и полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


