
„Сините“ очекувано го елиминираа Манчестер Сити во рамките на 1/8-финалето на најстарото фудбалско натпреварување во светот, ФА Купот, бидејќи Пелегрини реши да ги одмори своите клучни играчи поради густиот распоред кој му претстои на тимот.
Во 35. минута Диего Коста го постигна првиот гол на натпреварот, за водство на Челси од 1-0.
Ослабените „граѓани“ брзо стигнаа до израмнување преку Фаупала и со резултат 1-1 заминаа на пауза.
Но, во вторите 45. минути на теренот постоеше само еден тим. Вилијан го врати водството на Челси уште во 48. минута. Шест минути подоцна Кејхил зголеми на 3-1. Во 67. минута Еден Азар од слободен удар го постигна својот прв гол сезонава за водство од 4-1.
„Петардата“ ја пукна резервистот Бертран Траоре на минута пред крајот на натпреварот.
Резултати од денешните три натпревари:
Блебкурн – Вест Хем 1:5
Тотенхем – Кристал Палас 0:1
Челси – Манчестер Сити 5:1.
Вчера пласман во четвртфиналето обезбедија Евертон, Вотфорд и Ридинг, а Арсенал и Хал ќе играат уште еднаш поради нерешениот резултат. Последниот натпревар се игра утре меѓу Шрусбери и Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


