-Според информациите кои до нас стигнаа од Државната изборна комисија и странските експерти кои работат таму, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна рбота може да се заврши за максимум 14 дена -објави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.
-Од почетокот на оваа политичка криза во која што СДСМ ја втурна Република Македонија, ВМРО ДПМНЕ беше крајно конструктивна и посветена на враќање на стабилноста на државата. Бевме свесни дека на граѓаните и на земјата не и требаат конфликти и деструкција, туку и требаат просперитет и економски развој. Бевме свесни дека само со таква мудра политика можеме да привлечеме нови странски инвеститори, да отвораме нови странски и домашни фабрики и да се отвараат нови работни места за граѓаните. Само со разумен пристап ќе може навремено да ги реализираме сите проекти кои сме им ги ветивме на граѓаните.
Пратениците на СДСМ одлучија да го бојкотираат Собранието. Да не присуствуваат на седници и да не ја превземат обврската која граѓаните им ја доделиле. Преговаравме да се вратат заради добриот имиџ на државата, заради стабилност и заради потреба институциите да функционираат со целиот свој капацитет -рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот