Ем социјалец , ем со месечен приход над 9000 евра. Скопјанец со години користел социјална помош, а издавал негови објекти под наем. Заработувал за луксузен живот, а се пријавувал како социјален случај. Бил откриен при последната обнова на документите – објави Здравство24.
Станува збор за граѓанин кој издавал објекти под наем и по однос на други основи успевал месечно да се стекнува со приход од над 9000 евра. Тоа веројатно била состојба која најверојатно дека не очекувал дека ќе ја констатираме преку УЈП и преку агенцијата за Катастар со која електронски добиваме податоци за располагање на имот на целата цериторија на Македонија, вели Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
Скопјанецот од Чаир не е единствениот кој ја злоупотребувал социјалната помош, но според месечните приходи од издавање на имот драстично се разликува од останатите кои од кирија заработувале од 1200 до 1800-тини евра месечно, а од државата чекале помош од 2500 денари, пари што на некои семејства многу им значат. Злоупотреби се откриени и кај земјоделците. Месечно заработувале и по 3.000 евра, а се пријавувале како социјално загрозени. Само оваа година со новиот софтвер биле откриени стотици вакви случаи. Сите лажни социјалци ќе мора да ги вратат парите.
-Ние во тој дел ќе продолжиме со нашите контроли, прилично се големи заштедите во буџетот кои се реализирани од овие контроли, тоа од друга страна ни овозможува и зголемена исплата на социјалната помош, посебно на оние на кои навистина и е потребна социјалната помош, додаде министерот Ристовски.
Во Македонија околу 40.000 семејства користат социјална помош која се движи од 2.350 до 5.700 денари во зависност од бројот на членовитево семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заработка до 20.000 евра по хектар: Сега е вистинско време да ги засадите овие плодови!
-
Овие професии носат голема заработка
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Пред 10 години останала без работа, а денес има приход од 4000 евра