| четврток, 6 декември 2018 |

Играта за заборав, ќе се памети само резултатот, Вардар го победи Кристијанштад со 38-36

vardar-kristijanstad-15

Вардар во рамките од Лигата на шампионите во 12.коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го пречека шведскиот тим Кристијанштад и славеше победа со 38-36.

Во натпревар во кој не требаше да дојде прашањето на победникот македонскиот шампион одигра под своите можности иако постигна 38 гола. Одбраната не беше на висина на задачата бидејќи гостинските ракометари лесно погодуваа од сите позиции. Голманите Милиќ и Ангелов вкупно успеаја да фатат 12 топки.

vardar-kristijanstad-16

Од самиот почеток Вардар брзо го презема водстовото и во 21.минута имаше високи шест голови разлика. Меѓутоа Кристијанштад не се предаде и успеа со неколку брзи реализации по само неколку додавања во нападот да стигне до само два гола негатива по првото полувреме (21-19).

vardar-kristijanstad-8

Во вториот дел избранциите на Раул Гонзалес повторно со брзи голови стигна до солидна предност од четири разлика (25-21) но повторно Кристијанштад не дозволи голема разлика и постепено ја намалуваше предноста.

Во самиот финиш од мечот можеше многу лесно да се случи од готово вересија бидејќи Вардар мораше да ја спасува победа со гол во последните 15 секунди преку Данил Шишкарев.

vardar-kristijanstad-7

Од целиот овој натпревар само ќе се запапти победата и освоените два бода кој многу значат во борбата за повисок пласман на табелата на две кола до крајот во групната фаза.

Најефикасни во таборот на црвено-црните беа Лука Циндриќ со осум и Сергеј Горбок со седум гола. Кај гостите од Шведска се истакнаа Бјорсен и Џалами со по седум погодоци.

Следното претпоследно коло Вардар го игра на гостински терен кај екипата на Пик Сегед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top