| четврток, 6 декември 2018 |

„Ножички“ на Милер за победа на Баерн (видео)

thomas-muller-bayern-0216

Завршија петте натпревари од денешната програма на 22. коло во германската Бундес лига.

Актуелниот шампион Баерн Минхен ја забележа својата 19. победа оваа сезона и оствари чекор напред до одбрана на шампионската титула.

Дармштад денес на „Алијанц арена“ пружи сосема солиден отпор и го намачи тимот на Пеп Гвардиола во првото полувреме, но на крајот мораше да се задоволи со чесен пораз од 3-1.

Првите 45 минути завршија во корист на гостите со погодокот на Вагнер во 26. минута. Баерн израмнија дури во 4. минута од второто полувреме, кога Томас Милер конечно ја затресе мрежата на противничкиот голман за резултат 1-1.

Продолжи Баерн со агресивни напади, притисокот врз гостите стануваше се поголем, а пресвртот се случи во 71. минута од натпреварот, кога по нафрлената топка од Видал во шеснаесетникот, повторно на сцена стапи Томас Милер, овој пат со одлична контрола на топката со гради и со маестрални „ножички“ ја смести топката во голот.

Конечните 3-1 ги постави Левандовски во 84. минута од натпреварот.

 

Резултати од денешните натпревари:

Баерн Минхен – Дармштад  3-1
Борусија Менхенгладбах – Келн  1:0
Херта – Волфсбург  1:1
Хофенхајм – Мајнц  3:2
Инглштад – Вердер  2:0.

Вчера на отворањето на 22. коло, Ајнтрахт и Хамбургер одиграа нерешено 0:0.

Утре ќе биде комплетирано колото со натпреварите:

Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд
Шалке – Штутгарт
Хановер – Аугзбург.

 

Табела:
Баерн  59
Борусија Дортмунд  48
Херта  36
Баер Леверкузен  35
Борусија Менхенгладбах  35
Шалке  33
Мајнц  33

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top