Фудбалерите на Арсенал ќе мораат да играат уште еден натпревар против второлигашот Хал Сити бидејќи денес одиграа без голови на домашен терен во рамки на 5. рунда од англискиот ФА Куп.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се одлучи да излезе на теренот со комбиниран состав затоа што следната недела има тежок распоред – прво дуел со Барселона во Лигата на шампиони и па после со Манчестер Јунајтед во домашната Премиер лига.
Во петтата рунда од ФА Купот, Арсенал и Хал одиграа 0:0. И покрај целосната иницијатива на Арсенал, неколкуте пропуштени шанси за гол, сепак лошата реализација и најмногу поради расположениот за игра гостински голман Елдин Јакуповиќ, беа пресудни „топчиите“ да не дојдат до погодок и ќе мора да играат уште еден натпревар.
Датумот на повторно одигрување на натпреварот се уште не е познат, поради згуснатиот распоред на Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)