Србија не ја затвори својата граница со Македонија, изјави денеска за Танјуг раководителката на Бирото за соработка со медиумите при српското Министерство за внатрешни работи, Биљана Поповиќ-Ивковиќ.
Таа во изјавата нагласува дека Србија само почнаlа да го применува вчерашниот договор на директорите на полициите од земјите од регионот, со кој е предвидено заедничка регистрација на бегалците на грчко-македонската гранциа и организирање на нивен превоз да Австрија.
– Од денеска всушност се врши профилација на мигрантите од страна на сите потписници на споменатиот протокол, што подразбира зајакната контрола на границите со цел да се спречи илегалната имиграција – истакна Поповиќ-Ивиќ.
Таа додаде дека со договорот се предвидува да се врши идентификација на мигрантите и да им се замаат биометриски податоци, со цел да се утврди дали доаѓаат од земји во кои им се загрозени животите, како што се Сирија, Ирак и Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.