| четврток, 6 декември 2018 |

Во Автокоманда се гради нов паркинг

На просторот помеѓу улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Бапчор“, кај амбулантата во населба Автокоманда, општина Гази баба започна со изградба на нов паркинг простор со површина од 1375 m2, каде се предвидени паркинг места за околу 40 возила.

Вредноста на овој проект е 3.830.000 денари, градежните работи ги изведува фирмата Бауер БГ и истите се очекува да бидат завршени кон крајот на месец март.

По завршувањето на градежните работи, просторот околу паркингот хортикултурно ќе се уреди, информираат од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top