| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Хауте има среќа што налета на ваков народ

Та­мам сте за­бо­ра­ви­ле на ед­на утка, сле­ду­ва дру­га, па тре­та... И та­ка на­та­му. Та­ка­на­ре­че­ни­от по­сред­ник Ван Ха­у­те мо­же да на­у­чи мно­гу од не­го­ви­от мно­гу по­стар и по­и­ску­сен ко­ле­га Мет­ју Ни­миц, кој по по­ве­ќе од два­е­сет го­ди­ни во про­це­сот е поз­нат са­мо по тоа де­ка, очиг­лед­но, не­ма на­ме­ра да го ре­ши проб­ле­мот за кој е наз­на­чен. Овој, европ­ски­от, пак, ка­ко да има ист ни­ет, но за­чи­нет со жел­ба да ста­не пер­со­на нон гра­та со 900 евра днев­на пла­та…

„Ка­мен од ви­со­ка­та кла­са“, ова е зна­че­ње­то на име­то на Пи­тер ван Ха­у­те. Оно­ма­сти­ка­та, на­у­ка­та за по­тек­ло­то и за зна­че­ње­то на ими­ња­та, ве­ли де­ка Пи­тер зна­чи „ка­мен“, Ван е „од“, а зна­че­ње­то на ори­ги­нал­но­то Ха­у­те е „ви­со­ка кла­са“. Ин­те­рес­но е што се­то ова од­лич­но му при­ле­га на чо­ве­кот што пред око­лу по­ло­ви­на го­ди­на дој­де во Ма­ке­до­ни­ја и за тоа ку­со вре­ме ус­пеа да се за­ки­ти со ред скан­да­ли, си­те про­из­ле­зе­ни од не­го­во­то, во нај­ма­ла ра­ка, без­о­бра­зие и не­по­чи­ту­ва­ње на го­сто­примс­тво­то на зем­ја­та-до­ма­ќин во ко­ја, на­вод­но, по­ма­гал да се ре­ши по­ли­тич­ка кри­за?! Си­гур­но е са­мо де­ка днев­но за­ра­бо­ту­ва по шест ми­ни­мал­ни ма­ке­дон­ски пла­ти. На­јин­три­гант­ни­от дел од при­ка­ска­та е што ЕУ по­сто­ја­но мол­чи и од­бег­ну­ва да ко­мен­ти­ра што и да е за сно­бов­ски­от бел­ги­ски „ка­мен“ (Пи­тер). Да­ли во пра­ша­ње е бри­сел­ски­от ло­кал-па­три­о­ти­зам и љу­бо­вта кон ближ­ни­от свој Ван Ха­у­те?

Сно­биз­мот, со­др­жан и во не­го­во­то име, не е до­во­лен из­го­вор. Проб­ле­мот е во не­го­ва­та тра­ги­ко­мич­ност и ап­сурд­ност. Лик од учи­лиш­ни­от дип­ло­мат­ски при­рач­ник за ан­ти­фо­то­ро­бот на пре­го­ва­рач – сѐ што не тре­ба да има и да пра­ви чо­век на таа по­зи­ци­ја. Ве­ро­јат­но, ко­га Мон­ти Пај­тон би пра­ве­ле па­ро­ди­ја на по­сред­ник, тоа би бил тој. За нив­на жал, Ван Ха­у­те не­ма тро­шка до­бар анг­ли­ски ху­мор во се­бе, иа­ко, де­фи­ни­тив­но, е црн. Не­го­ви­от „ху­мор“ е спон­тан и најм­но­гу по­тсе­ту­ва на мен­та­ли­те­тот и на дејс­тву­ва­ње­то на еден лик од Ка­зах­стан. Без на­вре­да за Ка­зах­стан­ци­те, па­ра­ле­ла­та е со ли­кот на Са­ша Ба­рон Ко­ен, али­јас Бо­рат и не­го­ви­от скан­да­ло­зен ка­ра­ктер. Ах, да. Бо­рат е сме­шен, овој на­ши­от не. По сѐ изг­ле­да, не мо­же­ме да нај­де­ме свет­ска па­ра­ле­ла со на­ши­от дип­ло­мат. Мо­же­би, на­ви­сти­на, Бел­ги­е­цот не мис­ли ко­га ги ка­жу­ва утки­те, а, мо­же­би, след­но е да по­ба­ра фор­ми­ра­ње ми­ни­стерс­тво за смеш­но оде­ње?

 

analiza180-2

Опо­зи­ци­о­не­ри­те се по­ну­ди­ја да го „олес­нат“ олес­ну­ва­чот

Иа­ко го ко­ри­сти во не­га­тив­на смис­ла, Пи­тер ван Ха­у­те има огром­на сре­ќа што на­ле­та на на­род со ва­ков мен­та­ли­тет. Ток­му Ма­ке­до­не­цот е поз­нат по сво­ја­та ме­кост и про­сту­ва­ње на гре­шки­те на дру­ги­те. Пи­ре­јот ка­ко сим­бол на на­ши­от на­па­тен, но цврст и от­по­рен на­род, и не би оп­сто­јал до­кол­ку им за­бе­ле­жу­вал на си­те чиз­ми, опин­ци и бо­си но­зе што по­ми­на­ле низ овие про­сто­ри. А кој друг би му ги про­стил си­те до­се­гаш­ни глу­по­сти на „олес­ну­ва­чот“? Ге­не­за­та на при­ка­ска­та поч­на со ста­ту­сот на „Фејс­бук“ на Ван Ха­у­те, во ко­ја тој во уло­га на бел­ги­ска Ба­ба Ван­ѓа ни ја пред­ви­де ид­ни­на­та. Ни по­мал­ку ни по­ве­ќе нѐ спо­ре­ди со Гру­зи­ја, а ид­ни­на­та – ка­ко сопс­тве­ност на Гр­ци­ја. Со ко­мен­та­рот „Ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја? Ве­ќе се слу­чи во Гру­зи­ја…“ бел­ги­ски­от про­рок ја поч­на сво­ја­та ка­ри­е­ра во др­жа­ва­та. Без срам и пер­де, по­ра­неш­ни­от гру­зи­ски по­сред­ник си да­де по­ли­тич­ка прог­но­за. И Иван Ис­це­ли­те­лот, нај­ве­ро­јат­но, би се за­сра­мил на ва­кво пот­це­ну­ва­ње на до­ма­ќи­ни­те во не­ко­ја сел­ска ку­ќа, но не и Ван Ха­у­те во Ма­ке­до­ни­ја. Мо­же­би оку­ра­жен од бас­нос­лов­на­та днев­ни­ца од 900 евра за сво­ја­та ма­ко­трп­на ра­бо­та, исти­от тој Пи­тер до­ка­жа де­ка не ба­ди­ја­ла оно­ма­стич­ко­то зна­че­ње на не­го­во­то име е ка­мен. Си по­сти­ра­ше фо­то­гра­фии од си­нот во кои се ис­ме­ју­ва со спро­тив­но­сти­те на Скоп­је. Не­ба­ре, Бри­сел е со­вр­шен…

Ка­ко и да е, си­те овие „па­лав­шти­ни“ на Бел­ги­е­цот по­ми­наа без пос­ле­ди­ци за не­го и за не­го­ва­та пла­та. Бри­сел во­оп­што не се по­тре­се што нив­ни­от еми­сар пра­ви ред глу­по­сти во др­жа­ва­та во ко­ја го ис­пра­ти­ле. Очиг­лед­но, не­кој це­лос­но по­греш­но го сфа­тил збо­рот де­мо­кра­ти­ја и игра на кар­та­та на зна­че­ње­то на име­то Тр­пе. Се­ко­гаш до­бро ин­фор­ми­ра­ни­те Евро­пеј­ци овој пат по­гре­ши­ле – име­то одам­на е де­мо­де. По­го­лем проб­лем, се­пак, бе­ше си­те­ње­то и оправ­ду­ва­ње­то на глу­по­ста од се­ко­гаш про­за­пад­ни­те и ксе­но­фил­ски на­стро­е­ни „про­фе­си­о­нал­ни“ но­ви­на­ри, кои се­којд­нев­но го ве­ли­ча­ат име­то на чо­ве­кот што се мај­та­пи со др­жа­ва­та и со на­ци­ја­та. Еден, ма­зо­хи­стич­ки пре­за­до­во­лен од ома­ло­ва­жу­ва­ње­то на сопс­тве­на­та на­ци­ја, ду­ри се по­ну­ди и да го „олес­ни“ олес­ну­ва­чот со ора­лен секс? Опо­зи­ци­ски­те из­вр­ту­ва­чи до­бро зна­ат де­ка бра­не­ње­то на стран­ски­те не­бу­ло­зи е вол­шеб­ни­от збор „Се­за­ме отво­ри се“ за вра­ти­те на стран­ски­те фон­до­ви. Ко­га мо­жеа и рев­нос­но мо­жат да го пра­ват тоа за Ди­во На­се­ље ка­де што хе­рој­ски за та­тко­ви­на­та за­ги­наа осум по­ли­цај­ци, што би бил проб­ле­мот во пер­е­ње­то на из­вал­ка­ни­от и па­ра­до­кса­лен лик и де­ло на Ван Ха­у­те?

analiza180-vanhaute-3

Ед­но зо­што „из­ја­ва­та на Ван Ха­у­те е глу­пост“ и ил­ја­да за­тоа…

Во исто вре­ме ко­га на мег­дан из­ле­гоа сто­ти­ци­те „слу­чај­ни“ сов­па­ѓа­ња на не­го­ви­от пред­лог-за­кон за ме­ди­у­ми со тој на СДСМ, бел­ги­ски­от по­сред­ник се за­се­ни са­ми­от се­бе­си. Мо­же­би и тоа бе­ше цел­та на нај­но­во­то по­ни­жу­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те? Ка­ко и да е, во цен­та­рот на откри­ва­ње­то на ин­ди­ка­тив­на­та те­ле­пат­ска спре­га и ко­ин­ци­ден­ци­и­те со раз­мис­лу­ва­ње­то на со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те твор­ци, со кои, ве­ру­ва­ле или не, „раз­мис­ли­ле“ и на­пи­ша­ле иден­тич­ни ре­че­ни­ци, бро­е­ви, каз­ни, пра­ви­ла, ус­ло­ви за по­зи­ции и што ли не дру­го, Ван Ха­у­те са­ми­от на­пра­ви го­ле­ма ди­гре­си­ја на јав­но­то вни­ма­ние со ве­ќе ан­то­ло­ги­ска­та из­ја­ва:

„Не е до­бра иде­ја­та да се ко­пи­ра за­кон од дру­га зем­ја за­тоа што тоа би би­ло пре­пра­ва­ње де­ка сѐ е во ред. Се­ко­ја зем­ја, па и вие, има­ раз­лич­но за­ко­но­дав­ство, раз­ли­чен Устав. Исто та­ка, ста­ну­ва збор за друг вид мен­та­ли­тет и за со­се­ма раз­ли­чен на­чин на уре­ду­ва­ње на ме­ди­у­ми­те, по­и­на­ков од тие на не­ко­ја од европ­ски­те зем­ји“.

Ре­че, по­втор­но пре­жи­веа од Бри­сел и пре­диз­ви­ка но­ва ла­ви­на во Ма­ке­до­ни­ја. Не са­мо гнев, ту­ку и прав­но-ло­ги­чен до­ми­но-ефект. Се­га, по не­го­ви­те збо­ро­ви, др­жа­ва­та ќе мо­ра да ги из­ме­ни ре­чи­си си­те за­ко­ни, кои из­ми­на­ти­те го­ди­ни беа дел од т.н. усог­ла­су­ва­ње со за­ко­но­дав­ство­то на ЕУ, чин што го пре­зе­дов­ме ка­ко зем­ја-кан­ди­дат. Бла­го­да­ре­ние на бри­сел­ски­от шар­ла­тан во ру­во на пре­го­ва­рач, др­жа­ва­та има пра­во да си ги сме­ни за­ко­ни­те ка­ко што са­ка. За да ни при­ле­га­ат на мен­та­ли­те­тот, не­ли…

А ЕК и Бри­сел по­втор­но ди­ле­тант­ски из­бег­наа да од­го­во­рат што мис­ле­ше бел­ги­ски­от „фи­ло­зоф“ и да­ли тие се сог­ла­су­ва­ат со јас­но и со јав­но иска­жа­на­та на­вре­да на нив­ни­от еми­сар, кој тре­ба да сми­ру­ва, а не да па­ли. На­вре­да што дој­де исто­вре­ме­но со нај­а­ва­та на пре­тсе­да­те­лот на ЕУ Јун­кер де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе ти би­ла над­во­реш­на гра­ни­ца на Евро­па и на Уни­ја­та во би­тка­та со еми­гран­ти­те, за­тоа што Гр­ци­ја не мо­же­ла?! Да­ли пре­ку под­др­шка­та на ва­ков лик ка­ко Бо­рат, Бри­сел, всуш­ност, јас­но по­ка­жу­ва де­ка ним им од­го­ва­ра не­ста­бил­на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ка­ко та­ква лес­но мо­жат да ја ко­ман­ду­ва­ат и кон­тро­ли­ра­ат? Се­то дру­го, и пре­жи­ву­ва­ње­то на Пи­тер ван Ха­у­те по си­те не­го­ви ап­сурд­ни глу­по­сти, ед­но­став­но, не­ма ло­ги­ка.

 

analiza180-dunja-mijatovic-4

Бри­сел мол­чи, а Ду­ња ста­на глоб­тро­тер

И до­де­ка Бри­сел ин­ди­ка­тив­но мол­чи, а не­го­ви­те апа­рат­чи­ци на др­жа­ва­та ѝ кро­јат сред­но­ве­ко­вен за­кон за ме­ди­у­ми, пре­полн со кру­ти и фа­ши­стич­ки ала­тки за неј­зи­ни­от ре­гу­ла­тор, ед­на хе­ро­и­на вос­пе­а­на во мно­гу епо­ви на опо­зи­ци­ски­те ју­риш­ни­ци ни­ка­ко да ја „фа­ти ме­сто“. Же­на­та што е прем­но­гу за­сег­на­та од сло­бо­да­та на ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми и којa не про­пу­шти ни­ту ед­на мож­ност глас­но да се из­јас­ни ко­га беа во пра­ша­ње ка­кви и да се опо­зи­ци­ски ме­ди­ум­ски „проб­ле­ми“, се­га, ед­но­став­но, про­пад­на в зем­ја. Да, иста­та таа Ду­ња Ми­ја­то­виќ од ОБСЕ, ко­ја ре­а­ги­ра­ше исти­от ден ко­га МВР при­ве­де ал­бан­ски но­ви­нар без ле­ги­ти­ма­ци­ја, за кој то­гаш си­те и доз­нав­ме де­ка, на­вод­но, ни бил ко­ле­га, а бе­ше во ре­до­ви­те на нај­жолч­ни­те и нај­бес­ни про­те­стан­ти на де­мон­стра­ци­и­те про­тив пре­су­ди­те за „Мон­струм“ за кои пад­наа и за­твор­ски каз­ни.

analiza180-5

Е се­га, ко­га се ба­ра ко­мен­тар за „де­мо­крат­ски­от“ за­кон на Ван Ха­у­те и на СДСМ, кој овоз­мо­жу­ва за­тво­ра­ње ме­ди­у­ми со оби­чен указ и ед­но­стра­но мис­ле­ње, Ду­ња ја не­ма ни­ка­де. По не­кол­ку­те оби­ди на ко­ле­ги­те, од­го­во­рот на неј­зи­ни­от шеф на ка­би­нет е: „Не оче­ку­вај­те од­го­вор. Таа прем­но­гу па­ту­ва…“ Ве­ру­ва­ле или не, Ду­ња не за­ста­ну­ва и не­ма по­им што се слу­чу­ва во др­жа­ва­та, ко­ја ѝ бе­ше тол­ку ин­те­рес­на во ми­на­то­то. Тол­ку поз­на­то, не­ли: Ка­ти­ца оди по прос­ла­ви, Ду­ња па­ту­ва, Бри­сел не ги раз­би­ра пра­ша­ња­та?! Чу­дес­на ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца и неј­зи­ни­те уште по­чу­дес­ни по­сво­е­ни бал­кан­ски че­да.

 

betmen-velit-300Бетмен Велит: Скроз ван Памети

Многу освестувачка е паневропската порака на Ван Хауте дека не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив, посочува за „Република“ колумнистот Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.

БЕТМЕН ВЕЛИТ: Бреј. А ние цело време се будалееме следејќи насоки од ЕУ, одредници, па извештаите што треба да посведочат за нашиот напредок ги чекаме како топол леб за да слушнеме неколку добри думи дека сме доволно достоинствени во очите на Унијата (освен таа мала ситница со името). Штета што токму сега, по години и години шуткање на беспаќата пред европските порти, Ван Хауте реши да ни ја открие големата евротајна: не копирај ги Европејците и кога закони ти носат. Проблем? Менталитетот на Македонците, се разбира.

Европскиот посредник остана покус за тоа да го каже и својот став дали е добро, здраво за менталитетот македонски што од европските земји земаме и посредници како што е тој, ги гоштеваме, слушаме и уважуваме. Дали и во овој случај имаме менталитет што е спорен за Унијата? И човечки е да се прашаме што овој човек, кој советува дека поради менталитетот не треба да прифаќаме европска практика, воопшто прави тука кај нас? Единствено логично ми е да заклучам дека има за цел да ни го подоправи менталитетот со неевропски мерки – односно дека Македонија е лабораторијата на Европа во која ќе се спроведуваат експериментални закони. Лулка на прогресот, која треба да стане генетски модификувана држава, со подобен менталитет за ЕУ.

Јас заблуден цело време мислев дека не сме во Европа поради името на државата, а тоа ти било поради менталитетот. Мора да се подружиме повеќе со соседските најевропски Бугарија и Грција бидејќи Ван Хауте не дава ниту нивните закони да ги копираме кај нас. Толкави се разликите во менталитетот меѓу Македонците и нашите источни и јужни соседи.

А човек ќе помисли дека бидејќи „зборот е збор“, како што кажа Ван Хауте, и законите составени од убави европски зборови се закони. Ван Хауте сега тврди дека европскиот збор не вреди во Македонија. Поради нашиот менталитет, кој не е европски и кој подразбира дека сакаме да ја следиме позитивната практика на искусните Европејци и нивните важечки закони. Не поради неговиот менталитет, кој е европски и од позиција на супериорност ни кажува дека не сме дораснале за да учиме од нив. „Не гледај ме што правам, слушај ме што зборувам“, спокојно нѐ учи Ван Хауте. Скроз Ван Памети.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 180. број на неделникот „Република“, 12.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top