| четврток, 6 декември 2018 |

Измамете ја диетата – совршен колач од три состојки без шеќер и брашно (видео)

Една од најлошите работи кога сте на диета е тоа што целосно се откажувате од благото. Место тоа треба да јадете овошје, здрави маснотии и протеини.

Рецептата за колач што можете да го направите од сите дозволени состојки стана вистински хит на интернет. Овој колач има совршена комбинација на благ и кисел вкус поради малинките што се додаваат, а по желба малинките можете да ги замените  со јагоди, вишна, боровинки  или кое било овошје што го имате при рака.

Потребни состојки: 2 презреани банани, 4 јајца, малинки, јагоди или некое друго овошје по избор.

Подготовка: Бананите згмечете ги со виљушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто. Калапите за мафини малку премачкајте ги,  па во секој додајте неколку малинки. Потоа врз нив ставете го го „тестото“ и печете на 190 степени 12 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top