Годинешниот Евросонг ќе функционира според ново правило, прво поголемо од 1975 година.
Најкусо кажано, гласовите на гледачите и гласовите на жиријата ќе се објавуваат одвоено.
Презентерите од 43-те држави ќе ги објавуваат гласовите од стручното жири, но на глас ќе ја објават само „дванаесетката“, додека другите бодови автоматски ќе се ажурираат.
Потоа, водителите ќе ги прочита гласовите од публиката и тоа од песната добитник на најмалку до онаа со најмногу гласови.
Според извршниот супервизор на Евросонг, Јон Ола Санд смета дека со тоа ќе допринесе на динамиката и возбудливоста на целото шоу, бидејќи победникот нема да се знае до крајот на емисијата.
Македонија на ова 61 издание на Евросонг повторно ќе ја претставува Калиопи, а наскоро се очекува промоција на песната зад која стои Ромео Грил. Калиопи учествуваше пред неколку години со „Црно и Бело“, а и песната и Калиопи беа одлично прифатени и од публиката и од медиумите кои го следат ова најголемо музичко шоу во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)