| четврток, 6 декември 2018 |

„Милионерите“ со одлична предност, „црвените ѓаволи“ очајни (видео)

dortmund-porto-180216

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа, на домашен терен забележаа важна победа против тешкиот противник Порто. Дуелот на гигантите во европскиот фудбал, поранешни освојувачи на Лигата на шампиони, заврши со резултат од 2-0.

Уште во 6. минута од натпреварот Лукас Пишчек после одлично изиграна акција од корнер, од втор обид со глава го совлада Касиљас.

Вториот гол го постигна Марко Ројс во 71. минута за одлична предност на „милионерите“ пред реваншот во Португалија наредната недела.

Манчестер јунајтед немаше среќа на гостувањето во Данска и продолжува со слабите игри и во европските натреварувања. „Црвените ѓаволи“ прво на загревањето останаa без првиот голман Давид Де Хеа, а потоа и го загубија натпреварот од Митјиланд со 2-1.

Јунајтед поведоа преку Депај во 37. минута, но пред самиот крај на полувремето израмни Систо. Во второто полувреме фудбалерите на Ван Гал не успеаа да ја вратат играта под контрола. Целосниот пресврт беше дело на резервата Онуачу, кој во 77. минута обезбеди триумф за Митјиланд.

 

Резултати од првите натпревари од 1/16-финалето во Лигата на Европа:

Андерлехт – Олимпијакос  1-0

Борусија Дортмунд – Порто  2-0

Фиорентина – Тотенхем 1-1

Митјиланд – Манчестер јунајтед  2-1

Севилја – Молде  3-0

Сент Етјен – Базел  3-2

Вилјареал – Наполи  1-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top