Рома го загуби првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на „Олимпико“ со 0-2 и се наоѓа во многу тешка ситуација во ова натпреварување. „Кралевите“ имаат убедлива предност и реванш пред своите гледачи, а тренерот на „волчицата“, Лучијано Спалети, смета дека неговиот тим можеше да игра и похрабро на синоќешниот дуел.
– Загубивме и морам да кажам дека не одигравме на теренот така како што се договоривме во соблекувалната. Бевме страшливи во одредени моменти и Реал Мадрид тоа знаеше да го казни. Советите беа ние да притиснеме кон нивниот гол, да ги оддалечиме Бензема и Роналдо што е можно подалеку од нашата мрежа. Тоа некако и функционираше во првото полувреме, но погодокот на Роналдо не разби. Во суштина, ние одигравме и квалитетен втор дел, иако имавме слабости на средината на теренот. Не се предаваме, но ќе биде многу тешко ова да се надомести на реваншот во Мадрид – изјави тренерот на Рома по поразот од „кралскиот клуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.