За нешто помалку од една недела прикажување филмот „Дедпул“ заработи над 284 милиони долари. Само во Македонија, филмот го видоа нешто повеќе од 10 000 луѓе што го прави „Дедпул“ најгледаниот филм за суперхерои на сите времиња.
И покрај тоа што овој филм е забранет во Кина, а во некои земји не се препорачува за деца под 17 години, со буџет од само 58 милиони долари за продукција, во текот на првиот викенд заработи 135 милиони долари во Северна Америка, и неверојатни 260 милиони низ целиот свет.
„Дедпул“ е совршен пример за тоа како со еден релативно мал буџет, може да генерира огромни приходи и да достигне голема гледаност .
„Дедпул“ првпат беше претставен на големото платно во филмот „Икс-мен: Потеклото на Вулверин“ (2009 г.). Бидејќи овој филм не постигна добри резултати на светските киноблагајни, ликот на Дедпул остана во сенка. Тој е единствениот херој кој е свесен дека се наоѓа во стрип/филм и намерно комуницира со публиката. Ова го прави еден од најдуховитите и најинтересните стрип јунаци на сите времиња.
Дедпул го започна животот како Вејд Вилсон, елитен оперативец на специјалните сили кој потоа станува платеник. Кога дознава дека е болен од неизлечива болест, решава да се подложи на тајната експериментална програма со која се здобива со натприродна моќ на исцелување и се претвора во своето алтер его – Дедпул. Во улогата на антихеројот кој тргнува во потрага по човекот кој за малку ќе му го уништел животот се појавува Рајан Рејнолдс, а режијата на филмот ја потпишува Тим Милер.
Во филмот глуми и српскиот актер Стефан Капичиќ кој го толкува едниот од главните ликови – Колосус. Освен него, во филмот с епојавуваат и Морена Бакарин, Ед Скрејн, Т. Џ. Милер, Џина Карано и Бријана Хилдебранд.
Режисерот Милер и сценаристите Пол Верник и Рет Риз најавија уште две продолженија за овој несекојдневен јунак.
Филмот на репертоарот е во кината: „Синаплекс“ ,Градско Кино Милениум, 3Д кино Битола и 3Д кино Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)