| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Гостински победи на Реал и Волфсбург, солидна предност пред реваншите на домашен терен (видео)

Вечерва со нови два натпревара продолжија возбудувањата во Лигата на шампионите. По вчерашните победи на ПСЖ и Бенфика на домашен терен, денеска диаметрално спротивни резултати.
Реал Мадрид и Волфсбург успеаја да извојуваат гостински победи и тоа изразени со уверлива игра и доминација во текот на целиот меч.
„Кралскиот клуб“ одигра одличен натпревар на „Олимпико“ во Рим против екипата на Рома и заслужено победи со 2-0.
Творец на победата беше португалскиот ас Кристијано Роналдо кој го отвори резултатот во второто полувреме по една соло акција која ја заврши со вистинска бомба во мрежата на „римската волчица“.Вториот гол беше дело на резервистот кој влезе во игра на 10 минути до крајот на мечот на местото на индиспонираниот Џејмс Родригез и со одмерен удар го постави конечниот резултат.

 

Интересна беше пресметката во Белгија, каде Волфсбург имаше предност и од 0-3 на гостувањето против Гент, но на крајот мораше да се задоволи со победа од „само“ 2-3.

Дрекслер во 44. минута го донесе Волфсбург во водство, а истиот играч во 54. минута зголеми и на 0-2. Крусе во 60. минута веќе донесе и водство од 0-3 за Германците, за да сепак, каква таква надеж за Гент остане за реваншот, по погодоците на Кумс во 80. минута и Кулибали во 89. минута за конечни 2-3.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top