Во центарот на Анкара одекна силна експлозија, јавуја турските медиуми. Според гувернерот на Анкара има најмалку пет мртви, и повеќе повредени.
Според првите информации експлозијата била предизвикана од бомба која е подметната во автомобил со цел да биде погодено комбето кое превезува воени лица, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјавата на гувернерот на Анкара, Ахмет Киликлар, а ја пренесе турскиот „Си-Ен-Ен“.
Турската телевизија НТВ јави дека експлозијата се случила во време на најгустиот сообраќај, додека луѓето се враќаат од работа, а возилото експлодирало во близина на седиштето на војската додека поминувало комбето со војници, пренесува „Асошиетед прес“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак црн чад над градот и неколку запалени возила.
Полицијата го истражува инцидентот и се сомнева дека станува збор за бомбашки напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза