Вчеравечр во 20.20 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје од страна на царински службеници, при детална контрола на багажот на лицето Р.Ј. (39) од Република Турција, во куфер пронајдено е дупло дно изработено со пластичен дел од друг куфер, во кое била пронајдена оклу 4.622 грама опојна дрога хероин.
Лицето и багажот се предадени на Одделението за истраги при Царинската управа на Р.Македонија за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.