Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, утре напладне ќе ги презентира промотивните и културни активности за 2016 година. На манифестацијата ќе бидат презентирани програмските активности кои во текот на 2016 година ќе се случуваат во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Централните библиотеки и клоновите . Програмата опфаќа промоции, трибини, разговори ,средби со автори и претставување на најважните актуелни наградени дела во современата македонска книжевност. Исто така ќе бидат одбележани и значајни датуми од историјата на нашата книжевност и теми посветени на македонскиот јазик и култура.
Во чест на Презентацијата на програмата за 2016 година ќе се одржи и литературно читање на кое ќе настапат авторите: Михаил Ренџов, Гордана Михаилова – Божнакоска, Виолета Танчева – Златева, Цане Ризески, Елена Пренџова и Марина Мијакоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со мултимедијален перформанс ќе се затвори поетско-сликарската колонија „Нацртај песна“
-
Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на Миле Неделкоски
-
Книжевно пладне со Горјан Петревски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
-
Книжевни разговори со Санде Стојчевски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“