| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК:Денеска почнуваме со вкрстување, до крајот на март се може да се заврши

dik

Денеска почнува вкрстувањето на податоците што Државната изборна комисија ги чекаше од десетте институции веќе подолг период, вели член на ДИK од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за „Дневник“. -Вкрстувањето ќе трае два-три дена, по што ќе следува проверка на терен на оние места, односно адреси каде што податоците ќе бидат спорни. Неговите процени се дека Избирачкиот список ќе биде прочистен и затворен навреме за изборите да се одржат на договорениот датум, 24 април.

– Денеска (16 февруари) очекуваме дека ќе ни бидат подготвени уште две бази на податоци од институциите, и од утре да почне вкрстувањето на податоците. Околу 20- февруари очекувајте ги нашите процени, кои, според мене, ќе бидат во корист на одржувањето на изборите во април – вели член на ДИK од ВМРО-ДПМНЕ.

Истото за Дневник го потврдил уште еден од членовите, кој инсистирал на анонимност. Според него, вкрстувањето на податоците доцни заради тоа што тимот предводен од меѓународен претставник, во кој членуваат експертите по информатичка технологија и четворица припадници на најголемите партии, долго време вршеле „унификација на базите на податоци од 10-те институции“, односно бавно го вршеле собирањето на податоците што се неопходни на Kомисијата за да го почне споредувањето.

– Моја процена е дека оваа операција може да ја завршиме за два-три дена. По вкрстувањето на базите на податоци ќе видиме колку спорни записи ќе произлезат, по што ќе следува фазата на проверка на податоците на терен, односно во оние места каде што има недоследности – вели членот на Kомисијата. И тој е согласен дека ќе бидат завршени сите обврски за изборите да се случат на 24 април

– Со тоа би имало услови изборите да се одржат на 24 април. Kога ова го говорам сметам и на периодот до крајот на март, односно дека проверката на терен може да се врши се до затворањето на Избирачкиот список, додава тој, пренесе Дневник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top