Освен убијци и педофили, меѓу лицата за кои Заев бара слобода се и терористите од Диво Насеље. Имено, Заев побара сите лица што моментално се во притвор да се ослободат.
Терористите од кумановските настани се осомничени за убиство 8 припадници на македонските безбедносни сили, а 42 лица беа тешко повредени. Терористите се криеле во куќите во населбата и напаѓале со огнено оружје од различен калибар и минско-експлозивни средства од повеќе правци со што бил загрозен животот на полициските службеници.
Овие луѓе, Заев ги сака на слобода. Тоа е невиден скандал, силно непочитување за жртвите и нивните семејства и потценување на целиот македонски народ. Ова барање на лидерот на СДСМ е срамно и скандалозно.
Пред неколку дена започна судењето против 18-те обвинети за случајот „Диво насеље”. Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
Да потсетиме, по големата трагедија, додека цела Македонија тагуваше по загубените херои, Заев отиде во Диво Насеље и позираше со насмевка на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.