Станува збор за проект, чијшто носител во минатите две и пол години, а потоа и издавач е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Во изработката на Правописот беа вклучени 48 соработници, пред сè универзитетски професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Новиот „Правопис“ ја продолжува традицијата на стандарднојазичната норма поставена во далечната 1945 година. Тој е осовременет и освежен со нови примери што ја отсликуваат современата состојба во јазикот.
Проектот целосно е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, со поддршка на Владата и на Министерството за образование и наука.
На промоцијата е најавено обраќање на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска, на реректорот за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Влатко Стоилкови и на директорот на НУБ „Св. Климет Охридски“ Иван Заров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.