| четврток, 6 декември 2018 |

Значајна победа на Вардар, осигурано третото место

Во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите, македонскиот шампион ЖРК Вардар на гостински терен извојува победа над директниот конкурент за третото место, романскиот првак ЦСМ Букурешт со резултат од 30-25.

Со оваа победа „црвено-црните“ го осигураа третото место во групата Б на две кола пред крајот на главната фаза во Лигата на шампионите.

Од самиот почеток вардарки ја наметнаа својата игра и успеаа да воспостават контрола над резултатот во текот на целиот натпревар.

Одбраната беше на завидно ниво, на голот одлично се покажа Амандин Лејно, која бранеше скоро цел натпревар, со помош од клупата од извонредната Ина Суслина.

Во нападот најмногу се истакнаа Андреа Лекиќ со девет и Андреа Пенезиќ со седум голови. Кај противничката екипа најефикасни беа Мартин со шест и Линеа Торстен со пет гола.

ЖРК Вардар, на две кола пред крајот има 10 бода, со обезбедено сигурно трето место, а за повисок пласман шансата ќе ја бара веќе на следниот, претпоследниот натпревар, на 21. февруари, каде на домашен терен ја пречекува екипата на Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top