| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со солидна предност по првото полувреме на гостувањето во Букурешт

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (20) (Custom)

Македонскиот шампион Вардар, претставник во лигата на шампионите во женска конкуренција, во рамките од четвртото коло, гостува кај директниот конкурент за третото место, екипата на ЦСМ Букурешт.

По првиот дел, избраничките на Индира Кастратовиќ имаат солидна предност од 17-11.

По првите 30 минути како и што најави стручниот штаб, акцент е ставен на одбраната.

Меѓу статитивите царува Амандин Лејно со седум одбрани. Плејмејкерот на екипата, Андреа Лекиќ, одлично ги разигрува сите линии, а најдобар стрелец е Андреа Пенезиќ со 6 голови.

Во второто полувреме се очекува „црвено-црните“ да продолжат со својата игра, да ги освојат клучните бодови за повисок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top