Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека ќе бара реализација на договорот за емиграција меѓу Европската унија и Турција.
Според неа алтернативата за затворање на границите со цел ограничување на бегалскиот бран кон Европа ќе има големи последици за Унијата.
Меркел изјави на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека на средбата на врвот во Брисел оваа недела нема да се разгледуваат нови квоти за распределување на бегалците во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.