| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен бизнис-форум во Скопје: Балканот единствен пазар

форум 1 Заедничко претставување и нудење на балканскиот пазар, на сметка на националните кои се мали и неатрактивни пазари, е идејата која се разработува на вториот Меѓународен бизнис-форум на Македонско-израелскиот бизнис-клуб во Скопје.

Носечката тема „Балканот – алтернативен пат од Израел до Европа“ привлече стотина компании од Израел, од европските држави, балканскиот регион и од Русија.

Во текот на форумот постои можност за околу 300 директни средби меѓу компаниите во насока на соработка. Заменик-министерот за економија, Христијан Делев, го оцени  бизнис-форумот како многу важен.

– Како Влада ги поддржуваме ваквите настани и очекуваме да се интензивираат во иднина бидејќи тоа е единствниот начин за спојување на бизнисмените. Со Израел имаме огромна можност за соработка во земјоделството и енергетиката – рече Делев.

форумПочесниот израелски конзул Виктор Мизрахи посочува дека Македонија и Израел имаат одлични политички односи, но не и економски.

– Се надевам дека ваквите форуми ќе помогнат да се зголеми размената меѓу двете земји – вели Мизрахи.

Израел не е традиционален пазар за Македонија, но во моментов владите на двете земји преговараат за потпишување договор за одбегнување на двојно оданочување, а се разговара и за потпишување на договор за слободна трговија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top