| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц: Европарламентот нема да го блокира договорот со Лондон, но не гарантира дека ќе го одобри

kam

-Европскиот парламент нема да го блокира договорот, кој ќе помогне за останување на Велика Британија во ЕУ, но би можело да не го поддржи целосно- изјави денеска претседателот на Парламентот, Мартин Шулц.

Британскиот премиер Дејвид Камерон в четврток на средбата на врвот на ЕУ треба да договори со своите партнери детали околу планот за измена во статусот на Велика Британија во Унијата.

-Ако потоа Британците гласаат на референдумот за останување во ЕУ, тогаш Европарламентот ќе треба да ги одобри клучните елементи од договорот со Лондон. ­ Можам да ви гарантирам дека Европскиот парламент итно по референдумот за останување во Европа ќе се произнесе за законитоста на предлогот од Комисијата- истакна Шулц по средбата со Камерон.

Камерон денеска треба да се сретне и со пратеници од трите главни политички партии во Европарламентот пред да започне преговори со претседателот на Европската комисија, Жан­ Клод Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top