-Европскиот парламент нема да го блокира договорот, кој ќе помогне за останување на Велика Британија во ЕУ, но би можело да не го поддржи целосно- изјави денеска претседателот на Парламентот, Мартин Шулц.
Британскиот премиер Дејвид Камерон в четврток на средбата на врвот на ЕУ треба да договори со своите партнери детали околу планот за измена во статусот на Велика Британија во Унијата.
-Ако потоа Британците гласаат на референдумот за останување во ЕУ, тогаш Европарламентот ќе треба да ги одобри клучните елементи од договорот со Лондон. Можам да ви гарантирам дека Европскиот парламент итно по референдумот за останување во Европа ќе се произнесе за законитоста на предлогот од Комисијата- истакна Шулц по средбата со Камерон.
Камерон денеска треба да се сретне и со пратеници од трите главни политички партии во Европарламентот пред да започне преговори со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.