Неофицијално, Слободан Богоевски, поранешен секретар на поранешната Служба за државна безбедност (сега УБК), бил уапсен утринава поради малверзација со породажба на земјиште кај спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што беше планирано да се изгради трговски центар на позната словенечка компанија.
Кривичните дела за кои се товари Богоевски се перење пари, фалсификување исправи и користење исправи со лажни содржини. Упасени се и двајца адвокати В.Т. и В.П., кои сѐ уште се на распит пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1. Во финансиските малверзации биле вмешани уште петмина, од кои двајца заедно со уапсените адвокати и Богоевски од утрово се пред истражен судија, а, неофицијално, се трага по уште тројца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.