| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена за првпат ги откри тајните од спалната соба: љубовта бара жртви (фото)

За Лепа Брена речиси се познати сите детали, но сепак одвреме-навреме таа и тоа како умее да изненади со некоја сосема неочекувана изјава.

brena-s1_475183S1

Балканската дива, како што многумина ја нарекуваат, лепа Брена веќе 25 години е во брак со сопругот Боба Живојиновиќ. Како што тврди тие никогаш немале сериозни кризи, а факт е и дека немаше никакви скандали кога е тие двајца во прашање. Таа е успешна бизнис-жена и една од омилените пејачки од поранешна Југославија.

Image_4225477_128

Неодамна Брена  открила неколку детали од  лична природа, а познато е дека речиси воопшто не зборува за својот интимен живот. Според неа тајната на добриот брак е во довербата, но и во секс-изненадувањата.

lepa-brena-foto-printskrin-instagram-1455374839-844013

-Кога сум дома секогаш носам лежерна гардероба. Но еднаш ми текна зошто и јас да не го заведам мојот сопруг онака како што прават другите жени. Облеков високи потпетици и корсет. Жартиерите не можев да ги закопчам од задната страна. Така затегната зедов шампањско и две чаши и тргнав на кат во спалната соба.  Се качував по скалите и никако не можев да дишам бидејќи корсетот силно ме стегаше. Влетав во спалната соба а Бобо ме гледаше целиот збунет. Јас од што бев стегната е можев збор да прозборам, само го сипав пијалакот и тогаш двајцата почнавме да смееме. Го замолив да ми го откопча корсетот бидејќи не можев да дишам – раскажала Брена низ насмевка и додала дека токму тогаш сфатила дека сопругот ја сака токму таква каква што е.

oshte-malko-i-srebarna-svatba-brena-i-boba-otpraznuvaha-22-godini-brak-l

82009_1_630x0

82011_5_630x0

82012_4_630x0

82013_2_630x0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top