За Лепа Брена речиси се познати сите детали, но сепак одвреме-навреме таа и тоа како умее да изненади со некоја сосема неочекувана изјава.
Балканската дива, како што многумина ја нарекуваат, лепа Брена веќе 25 години е во брак со сопругот Боба Живојиновиќ. Како што тврди тие никогаш немале сериозни кризи, а факт е и дека немаше никакви скандали кога е тие двајца во прашање. Таа е успешна бизнис-жена и една од омилените пејачки од поранешна Југославија.
Неодамна Брена открила неколку детали од лична природа, а познато е дека речиси воопшто не зборува за својот интимен живот. Според неа тајната на добриот брак е во довербата, но и во секс-изненадувањата.
-Кога сум дома секогаш носам лежерна гардероба. Но еднаш ми текна зошто и јас да не го заведам мојот сопруг онака како што прават другите жени. Облеков високи потпетици и корсет. Жартиерите не можев да ги закопчам од задната страна. Така затегната зедов шампањско и две чаши и тргнав на кат во спалната соба. Се качував по скалите и никако не можев да дишам бидејќи корсетот силно ме стегаше. Влетав во спалната соба а Бобо ме гледаше целиот збунет. Јас од што бев стегната е можев збор да прозборам, само го сипав пијалакот и тогаш двајцата почнавме да смееме. Го замолив да ми го откопча корсетот бидејќи не можев да дишам – раскажала Брена низ насмевка и додала дека токму тогаш сфатила дека сопругот ја сака токму таква каква што е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.