| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се последиците од нередовно спиење?

Неправилните циклуси на сон и будна состојба во едно ново истражување се поврзани со зголемување на индексот на телесната маса и резистенција на инсулин.

neson2

Станува збор за важни фактори за ризик од дијабетес тип 2. Наодите на американските научници од Универзитетот Питсбург се објавени во стручнто списание „Sleep“ врз основа на петгодишното следење на испитаниците од различна етничка припадност.

Во истражувањето се користени податоци собрани од 338 испитаници на возраст од 48 до 58 години.

Се покажало дека за одржување на метаболичкото здравје со соодветно траење на сонот е нужен и константен распоред за одење на спиење и будење, без оглед на тоа дали се работи за работни денови или денови за викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top