| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и Макпетрол се држави прваци во Карате

karate

Каратистите на Металург, во машка, и екипата на Макпетрол, во женска конкуренција, се севкупни победници на Државното сениорско карате првенство кое се одржа во Скопје.

Најголемо изненадување на шампионатот беше јуниорот Петар Спасеновски од Металург, кој во категоријата до 84 килограми стигна до титулата откако во финалето славеше со 4-1 против фаворитот Бесарт Јакупи. Спасеновски претходно беше подобар и од Симон Антиќ од Макпетрол, победувајќи со 7-0.

Во најтешката категорија, над 84 килограми, Мартин Несторосвки триумфираше против Жарко Арсовски со поен на четири секунди пред крајот. Во полуфиналето Арсовски победи со повредениот Дејан Павлов, на изјаснување по 0-0.

Во категоријата до 60 килограми, титулата ја однесе Емил Павлов кој во финалето со 4-0 го победи Шабан Муртеши.

Во финалето во екипна конкуренција, победникот беше познат по дополнителниот натпревар во кој Мартин Несторовски од Металург го победи Симон Антиќ од Макпетрол со 6-2, па „металурзите“ ја освоија титулата.

Во женска конукренција, пак, екипен победник беше Макпетрол, а „макпетролките“ Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска, комплетно доминираа и во поединечна конкуренција стигнувајќи до титулите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top