Реал Мадрид без поголеми проблеми вчера стигна до триумф од 4-2 против Атлетик Билбао во рамките на 24. коло од шпанската Примера, а играч на натпреварот беше Кристијано Роналдо.
Португалецот постигна два гола, преземајќи го првото место на листата на стрелците во Примера. Сепак, шпанските медиуми најголемо внимание посветија на односот на Роналдо со тренерот на Реал, Зинедин Зидан.
Познато е дека Роналдо немаше добар однос со Рафаел Бенитез, но со доаѓањето на Зидан се поправи атмосферата во екипата. Роналдо има одличен однос со францускиот стручњак, кој во неколку наврати на дуелот против Атлетик Билбао и како свесно да сакаше да го покаже тоа пред јавноста… Роналдо досега во Примера има постигнато 21 гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)