Шпанија ја обнови доминацијата во европскиот футсал откако во голем стил се врати на тронот, славејќи над Русија со убедливи 7-3 во финалето од ЕП 2016 што се одржуваше во Белград.
„Црвената фурија“ одигра маестрален меч, максимално го искористи отсуството на суспендираниот Едер од таборот на Русите, на кои во ниту еден момент не им дозволи да се понадеваат на изненадување. Финалето беше решено во првите 17 минути, во кои Шпанија поведе со 4-0, предност што ја задржуваше се до самиот крај. Алекс беше стрелец на првиот гол за новиот европски првак, за кој по два пати меѓу стрелците се запишаа Пола, Ривилјос и Мигелин.
За Шпанија ова е седма титула европски шампион, по оние освоени во 1996, 2001, 2005, 2007, 2010 и во 2016 година. Воедно, денешниот триумф беше четврти за шпанските футсал асови во финалните пресметки со Русија, која има само една победа во битките за трофеј со „фуријата“.
Во борбата за третото место домаќинот Србија остана без медал, откако во битката против Казахстан потклена и убедливо беше поразена со 5-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)